Ѓоковиќ го освои 100-тиот АТП трофеј
Со оваа победа, 38-годишниот тенисер од Србија стана само третиот играч во историјата на Отворената ера што успеал да освои 100 титули на АТП турнирите. Пред него, тоа им успеа само на легендите Роџер Федерер (103 титули) и Џими Конорс (109 титули).
Новак Ѓоковиќ стигна до својата 100-та титула на АТП турнејата, откако го совлада Хуберт Хуркач во финалето на турнирот во Женева. Натпреварот заврши по три сета – 5:7, 7:6 (7:2) и 7:6 (7:2), и траеше нешто повеќе од три часа.
Со оваа победа, 38-годишниот тенисер од Србија стана само третиот играч во историјата на Отворената ера што успеал да освои 100 титули на АТП турнирите. Пред него, тоа им успеа само на легендите Роџер Федерер (103 титули) и Џими Конорс (109 титули).
Ѓоковиќ има и импресивни 143 финалиња во својата кариера. Покрај тоа, тој е носител на 24 Грен слем титули, седум трофеи од завршните АТП турнири, 40 титули од Мастерс серијата, 15 АТП 500 и 13 АТП 250 титули, како и златен олимписки медал.
Овој триумф во Женева беше посебен и затоа што е првпат од Олимписките игри во Париз 2024 наваму да освои титула. Ѓоковиќ со ова стана највозрасниот победник на турнирот во Женева и првиот играч во историјата кој има титули во 20 последователни сезони – од 2006 до 2025 година.
Следниот голем предизвик за Ѓоковиќ е Ролан Гарос 2025, каде ќе се обиде да ја освои својата 25-та Грен слем титула, а турнирот го започнува со натпревар против Американецот Макинзи Мекдоналд.