Историска вечер за Алкалоид – реванш финале против АЕК во Европскиот куп

25.05.2025 13:09

По триумфот на гостински терен со резултат 29:25, македонскиот тим има предност од четири гола, што им дава реални шанси за освојување на првиот европски трофеј во историјата на клубот.

Ракометарите на Алкалоид вечерва од 20:30 часот ќе го одиграат најзначајниот натпревар во своето постоење. Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, тие ќе го пречекаат АЕК од Атина во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп.

По триумфот на гостински терен со резултат 29:25, македонскиот тим има предност од четири гола, што им дава реални шанси за освојување на првиот европски трофеј во историјата на клубот.

Тренерот Кирил Лазаров апелираше до своите играчи да останат фокусирани и психолошки стабилни, свесни за важноста на натпреварот. Поддршката од публиката нема да недостасува – сите билети се продадени, што гарантира вистинска ракометна атмосфера во салата.

Преносот на МРТ1 започнува од 20 часот со разговор во студиото на јавниот сервис.