Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид

25.05.2025 15:23

Неговото деби на клупата на Реал ќе биде на Светското клупско првенство во јуни.

Чаби Алонсо од 1 јуни официјално ќе биде нов тренер на Реал Мадрид. Договорот е потпишан до 2028 година. Тој го заменува Карло Анчелоти, кој ќе стане селектор на Бразил.

Алонсо доаѓа по историска сезона со Баер Леверкузен, освојувајќи ја Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.

Неговото деби на клупата на Реал ќе биде на Светското клупско првенство во јуни.