Партии

Ескалираат превирањата во Алијансата за Албанците

25.05.2025 15:52

Таравари расчистува со непослушните кадри, неколкумина разрешени од партиските функции. Фетаи и Алиу кои продолжуваат со „ВРЕДИ“ му порачаа – не прифаќаме половични состаноци и враќање во минатото…

Педесетина функционери кои го поддржуваат вицепремиерот Арбен Фетаи му порачаа на лидерот на Алијанса, Таравари дека остануваат во Владата за да работат на реформите и оти немаат намера да коалицираат со, како што ги нарекоа, сили од минатото. Откако Таравари соопшти дека дел од нив се разрешени од функциите, тие реагираат дека не прифаќаат одлуки донесени на половични состаноци, бидејќи се нестатутарни и немаат намера да ги почитуваат.

Таравари претходно соопшти дека Фетаи е разрешен од функцијата претседател на партиското собрание, и оти се исклучени и други членови на претседателството кои јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. За пратеничката Мимоза Муса која останува со мнозинството, Алијанса нема донесено одлука.

Одлуката на Таравари да оди во опозиција предизвика раскол во Алијансата на Албанците.

Игор Панов