Култура

Во среда врачување на наградата „Роман на годината“

25.05.2025 16:51

Годинашен лауреат е Калина Малеска за романот „Светот што го избрав“ („Или-или“). Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева.

Во среда, на 28 мај, со почеток во 20 часот, во бифето на Драмски театар во Скопје ќе се додели наградата „Роман на годината“ за 2024.

Годинашен лауреат е Калина Малеска за романот „Светот што го избрав“ („Или-или“). Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева.

На свеченоста ќе настапи џез бендот на Гоце Стевковски.

Наградата вклучува плакета, статуетка и 150.000 денари. Ова е 26-то доделување на наградата која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“.