Собрание
Петта седница на Комисијата за здравство
26.05.2025 08:28
Собраниската Комисија за здравство денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“...

На петтата седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.
Надзорната расправа почна на 20 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации, со цел да дадат искази и одговори на комисиските членови и на другите пратеници.
