Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, денеска ќе има аудиенција кај папата Лав 14...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, денеска ќе има аудиенција кај папата Лав 14.
По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Предвидена е средба и со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, со што завршува неколку дневната посета на претседателката Сиљановска – Давкова на Рим и Ватикан.
За време на престојот во Рим и Ватикан, претседателката присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 Мај, ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и го посети гробот на папата Франциск.
