Украина

Трамп со ретка осуда за Путин: Апсолутно полудел

26.05.2025 08:39

Најмасовните смртоносни руски напади врз Украина викендов, во ретка осуда Трамп изјави дека Путин апсолутно полудел. Вели дека тој ја сака цела Украина, а не само дел од неа, но дека ако го стори тоа...

Силна критика од Вашингтон за Москва. По досега најмасовните смртоносни руски напади врз Украина викендов, во ретка осуда Трамп изјави дека Путин апсолутно полудел. Вели дека тој ја сака цела Украина, а не само дел од неа, но дека ако го стори тоа, ќе ја доведе Русија до пропаст. Додаде дека го разгледува воведувањето дополнителни санкции за Русија.

„Апсолутно! Не сум задоволен од она што го прави Путин. Не знам што му се случи? Го познавам долго време, се сложував со него. Но, тој испраќа ракети во градовите и убива луѓе. Воопшто не сум среќен поради тоа. Насред разговор сме, а тој испукува ракети во Киев и други градови. Тоа не ми се допаѓа“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Критики упати и до Зеленски, велејќи дека тој не ѝ прави услуга на својата земја со начинот на којшто зборува. Зеленски претходно изјави дека молчењето на Вашингтон за нападите го охрабрува Путин. Најави нов пакет санкции врз Москва и го повика светот да изврши поголем притисок врз Русија. Воздушните сирени изутринава повторно се огласија низ цела Украина.