Хуманитарната ситуација во Газа се полоша
Нови жртви во израелски напад врз училиште во Газа кое се користело како засолниште- обвинуваат палестинските власти...

Нови жртви во израелски напад врз училиште во Газа кое се користело како засолниште- обвинуваат палестинските власти. Од Тел Авив без коментар. Ја продолжуваат офанзивата поради која Нетанјаху се најде под зголемен меѓународен притисок. Дополнителен удар врз хуманитарните напори кои во моментов се ограничени, зададе и извршниот директор на новата организација поддржана од Израел и САД, кој си даде оставка уште пред да почне со работа.
„Дојдовме до фаза на глад. Го поминуваме денот со половина векна леб. Минималните животни потреби за децата и возрасните се непостоечки“, изјави Неман Абу Џарад - раселен жител.
Во истовреме, нападите на Хутите од Јемен продолжуваат, а Хезболах вели дека нема да се откаже од оружјето додека Израел не се повлече од јужен Либан.
