АСЕАН
Во Куала Лумпур почна 46-от самит на АСЕАН
26.05.2025 08:56
Шест од 10-те земји-членки на АСЕАН се меѓу најтешко погодените од царините, кои се движат од 32 до 49 насто...

Во Куала Лумпур почна 46-от самит на АСЕАН. Земјите од Југоисточна Азија, чиј актуелен претседавач е Малезија, ќе мора да се обединат за да се соочат со предизвиците од глобалната трговија предизвикани од американските царини – истакна премиерот Анвар Ибрахим. Рече дека му пишал на Трамп за да побара состанок на блокот.
Шест од 10-те земји-членки на АСЕАН се меѓу најтешко погодените од царините, кои се движат од 32 до 49 насто.
„Цврсто верувам во цврстината и истрајноста на АСЕАН да ги издржи ударите и да ја преброди бурата, предизвиците и неизвесностите со кои се соочуваме“, изјави Анвар Ибрахим, премиер на Малезија.
