Царини
САД го одложија рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули
26.05.2025 09:04
Одлуката на Трамп доаѓа по телефонскиот разговор со шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен која, според него, му потврдила дека сака сериозни преговори...

САД се согласија да ја одложат царината од 50 проценти на увозот од ЕУ до 9-ти јули со цел да се даде време за преговори со блокот.
Одлуката на Трамп доаѓа по телефонскиот разговор со шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен која, според него, му потврдила дека сака сериозни преговори.
Претходно, Брисел царините од 50 насто ги нарече закана, најавувајќи контрамерки. Трговија мора да се води со заемно почитување, а не со закани-посочија претходно од Брисел.
