МВР
Приведен кумановец, возел 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час
26.05.2025 10:37
Вчера во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово...

Вчера во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово, информираат од МВР.
При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „БМВ“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
