Свет
Партијата на Мадуро со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела
26.05.2025 11:41
Успеа да го задржи мнозинството со освоени над 80 насто гласови во Националното собрание и да обезбеди 23 од 24 гувернерски места...

„Обединетата социјалистичка партија“ на Мадуро, со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела, бојкотирани од опозицијата. Успеа да го задржи мнозинството со освоени над 80 насто гласови во Националното собрание и да обезбеди 23 од 24 гувернерски места. На изборите им претходеа апсења на десетици луѓе, вклучително и истакнат лидер од опозицијата, поради наводен заговор за попречување на гласањето.
Прославувајќи ја победата Мадуро, од Каракас изјави дека „чавизмот“ е посилен од кога било.
