Ракомет
Финалето не се одигра – Алкалоид со благодарност до навивачите
26.05.2025 12:36
Грчкиот АЕК одби да излезе на терен и да го одигра реваншот, иако беше присутен во салата, со образложение дека дел од нивните навивачи не биле пуштени да влезат во Македонија.

РК Алкалоид им се заблагодари на навивачите за поддршката на синоќешниот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп во СЦ „Борис Трајковски“, кој сепак не се одигра.
Грчкиот АЕК одби да излезе на терен и да го одигра реваншот, иако беше присутен во салата, со образложение дека дел од нивните навивачи не биле пуштени да влезат во Македонија.
Алкалоид е во контакт со ЕХФ за понатамошниот исход и најави дополнителни информации преку официјалните канали. На првиот меч во Атина, Алкалоид победи со 29:25.