Судски совет

Африм Фидани избран за претседател на Врховниот суд

26.05.2025 12:12

Членови на Советот посочија дека Адеми не ги исполнила очекувањата, додека за Фидани беше истакнато дека има акционен план со јасни рокови за подобрување на работата на судот.

Судскиот совет го избра судијата Африм Фидани за нов претседател на Врховниот суд на Македонија. Тој доби осум гласа „за“, додека поранешната претседателка Беса Адеми доби само два гласа.

Членови на Советот посочија дека Адеми не ги исполнила очекувањата, додека за Фидани беше истакнато дека има акционен план со јасни рокови за подобрување на работата на судот.

Фидани е судија во Врховниот суд од 2017 година и има долгогодишно искуство во правосудството.