ИЈЗ: Двете позитивни лица на мајмунски сипаници се во добра здравствена состојба
Епидемиолозите од ИЈЗ се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти.Нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX...

Епидемиолозите од ИЈЗ се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти.
Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX.
ИЈЗ претходните денови објави препораки до граѓаните на веб-страницата, отвори две нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници.
Воедно ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции.
Во текот на следните денови ќе биде организирана и онлајн обука за здравствени работници за следење на протоколите.
Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок со оглед на брзата реакција и преземените активности од страна на институциите.
Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата.
