Собрание

Мицкоски информираше за мерките на надзорната расправа за аерозагадувањето

26.05.2025 17:04

Во Собранието се одржа надзорна расправа за аерозагадувањето. На прашања на граѓанскиот сектор одговараше премиерот Мицкоски. Се преземаат мерки, почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси- ова е само дел од најавите за нови проекти...

Најголем причинител на аерозагадувањето во Македонија е системот на затоплувањето на домовите, индустриските и јавни објекти, рече премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, на тема ефектите од аерозагадувањето во Скопје и други градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје. Во овој контекст, фокусот на владата, меѓу другото ќе биде на воспоставување централизиран систем за греење.

Еден од причинителите на аерозагадувањето е и транспортот, вели Мицкоски. Информира дека во завршна фаза е јавната набавка за купување на 120 електрични автобуси, кои потоа владата ќе ги донира на општините.

Премиерот Мицкоски се согласува со тезите дека во изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во врска со проблемот со аерозагадувањето, но и воопшто, за одржувањето на животната средина, во прв ред за одлагањето на сметот и прочистување на отпадните води.

 

Марија Котовска