Романија

Новоизбраниот претседател на Романија положи заклетва

26.05.2025 19:57

55-годишниот математичар и поранешен градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, убедливо победи во вториот круг на 18-ти мај...

Новоизбраниот претседател на Романија, Никусор Дан положи заклетва. 55-годишниот математичар и поранешен градоначалник на Букурешт, убедливо победи во вториот круг на 18-ти мај.

Неговиот ривал, екстремно десничарскиот политичар Џорџ Симион ги оспори резултатите пред највисокиот суд, но беше одбиен изминатата недела.

Според аналитичари, се ближи крајот на најлошата политичка криза што ја зафати Романија по поништувањето на претходните избори на кои Калин Георгеску водеше во првиот круг, по обвинувањата за изборни прекршувања и руско мешање, што Москва ги негираше.