Судски совет

Судијата Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд, Иван Џолев заминува во Апелација

26.05.2025 16:04

Остри критики и забелешки на адреса на двајцата кандидати, но претагна тасот на страната на судијата Африм Фидани. Ќе биде нов претседател на Врховниот суд. Од вкупно 13 членови на Советот, за Фидани гласаа 8. Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, со одлука на Советот е унапреден во апелациски судија...

Остри критики и забелешки на адреса на двајцата кандидати, но претагна тасот на страната на судијата Африм Фидани. Ќе биде нов претседател на Врховниот суд. Според мнозинството членови на Судскиот совет, не е спорно тоа што на интервјуто покажал непознавање за актуелните случувања во судството, ниту пак, тоа што останал без поголеми достигнувања во кариерата.

Од вкупно 13 членови на Советот, за Фидани гласаа 8. Доскорешната претседателка Беса Адеми доби само два гласа. Иако покажала одлички резултати на интервјуто, дел од членовите и го забележуваат игнорантскиот однос кон Советот, но и поплаките за нарушени меѓучовечки односи во Врховниот суд за време на нејзиниот мандат.

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, со одлука на Советот е унапреден во апелациски судија, а на нова должност во повисокиот суд се упатуваат и Оља Ристова и Марија Клетничка-Марковска од скопска единица, како и судијата Бетим Јахја од тетовскиот суд.

Анита Димитријевска – Велковска