Филипче инсистира на лидерска средба
Лидерот на СДСМ, Филипче го актуализираше предлогот за лидерска средба, контра ставови на пратениците од опозицијата…

Првиот социјалдемократ Венко Филипче и покрај одбивањето од Мицкоски, останува на ставот дека треба да се свика лидерска средба за да се разговара за евроинтегративниот процес и сè што стои во земјава како отворено прашање. Филипче предлага и странски експерти да се приклучат на мешовитата историска комисија.
Експресен одговор од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Василевска. Не може да дискутираме со политички речник, за нешто што го третира академијата и науката. Сè додека политиката се меша во емоциите, науката и традицијата, ќе имаме тунел без излез.
Европскиот фронт, но и крилото на Таравари од Алијанса за Албанците, со став дека треба да се направат уставните измени, за како што велат, да се откочи целиот процес на евроинтеграции.
Миле А. Ристески
