Евроинтеграции

Муртезани: Северна Македонија ја спроведува својата европска иднина

26.05.2025 18:30

Во своето обраќање, министерот ја пренесе клучната порака дека Северна Македонија повеќе не е земја која само ја планира европската интеграција, туку е земја која таа интеграција ја реализира на дело.

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на Третата седница на Националниот совет за евроинтеграции, одржана во Собранието на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот ја пренесе клучната порака дека Северна Македонија повеќе не е земја која само ја планира европската интеграција, туку е земја која таа интеграција ја реализира на дело.

„Северна Македонија не е повеќе земја што само ја планира европската интеграција, таа ја спроведува, преку конкретни реформи и резултати кои го подобруваат животот на граѓаните“, истакна министерот Муртезани.

Во своето обраќање, министерот ги потенцираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027, која веќе носи конкретни придобивки за земјата, како предфинансирање од Европската Унија, инвестиции, и проекти кои го подобруваат стандардот на живеење. Со тоа, Северна Македонија ја гради својата европска иднина не како далечна проекција, туку како реалност што се создава со секој донесен закон и секоја успешно спроведена реформа.