Заштитата на децата да биде врвен приоритет на институциите
И едно исчезнато дете и една жртва со трагичен крај, за нас е неповолен исход-порака од граѓанската иницијатива „Новинари за човекови права“ на Светскиот ден на исчезнати деца.

И едно исчезнато дете и една жртва со трагичен крај, за нас е неповолен исход-порака од граѓанската иницијатива „Новинари за човекови права“ на Светскиот ден на исчезнати деца. На сите институции да им биде врвен приоритет заштитата на децата, велат.
Алармот да е постојано вклучен и да се делува превентивно, иако Македонија според статистиката нема преголем број на исчезнати деца.
Во системот „Најди ме“, регистрирани се шест возрасни и еден аларм за исчезнато дете.
Во „Амбер алерт“ мрежата, учествуваат над 50 организации и над 80 полициски експерти од Европа.
Александра Спировска
