Обвинителство

Почнува сослушувањето на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани

27.05.2025 08:30

Од Обвинителството велат дека сè уште е активен повикот до сите останати коишто имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази за работата на клубот „Пулс“, да ги споделат со истрагата...

Обвинители почнуваат со поединечно сослушување на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Преку исказите ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени, да се приклучат на кривичниот прогон и директно да се информираат за текот на истрагата.

Од Обвинителството велат дека сè уште е активен повикот до сите останати коишто имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази за работата на клубот „Пулс“, да ги споделат со истрагата.

Семејствата велат дека ќе одат на сослушување само ако има новоосомничени. Во трагедијата на 16-ти март загинаа 59 лица, тројца повредени кои се лекуваа во странство, ја изгубија битката. Осомничени се 60-на лица. Обвинителството најави дека истрагата ќе заврши до средината на јуни.