УКРАИНА

Зеленски: Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната

27.05.2025 08:44

Згаснуваат надежите за пробив во напорите за ставање крај на тригодишната војна, Западот се заканува со санкции...

Русија ја пролонгира војна, обвинува Зеленски откако Москва изврши голем напад со 355 беспилотни летала врз Украина во ноќта спроти понеделник. Згаснуваат надежите за пробив во напорите за ставање крај на тригодишната војна, Западот се заканува со санкции.

„Од информациите добиени од разузнавачките служби и од податоците од отворени извори можеме да видиме дека Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. Во моментов нема индиции дека сериозно размислуваат за мир или дипломатија. Напротив, постојат многу докази дека подготвуваат нови офанзивни операции. Русија смета на продолжена војна“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Турскиот министер за надворешни работи Фидан е во дводневна посета на Москва.

Претходно Кремљ и се заблагодари на Турција што беше домаќин во разговорите меѓу Русија и Украина.