БЛИСКИ ИСТОК

Камиони со помош пристигаат во Газа

27.05.2025 08:49

Офанзивата на Израел против милитантните групи продолжува...

Израелските војниците напредувале неколку стотици метри длабоко на територијата во јужен Либан, објавија локалните медиуми. Офанзивата на Израел против милитантните групи продолжува. Тел Авив соопшти дека 170 камиони со храна, лекови и медицински материјали стигнале во Појасот Газа по ригорозна безбедносна инспекција. Хуманитарните организации уверуваат дека е потребно многу повеќе помош за да ги задоволи основните потреби на населението.

По притисокот од сојузниците и предупредувањата за влошената хуманитарна состојба, Израел изминатата недела дозволи влез на помош по речиси тримесечна блокада.