ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Повредени педесетина лица во Ливерпул, уапсен 53-годишен маж
27.05.2025 08:52
Властите велат дека мотивите засега се непознати...

Полицијата во Ливерпул уапси 53-годишен маж кој со возило удри во толпа луѓе кои ја славеа титулата на Ливерпул во англиската Премиер лига. Властите велат дека мотивите засега се непознати.
„Она што можам да ви кажам е дека веруваме дека ова е изолиран инцидент и во моментов не бараме никој друг во врска со него. Инцидентот не се третира како тероризам“, изјави Џени Симс, заменик-началник на полицијата во Мерсисајд.
Повредени се 27 луѓе, од кои четири се деца. Дополнителни 20 се третирани на самото место.
