Нема помилување за Суарез!

14.08.2014 16:04

Спортскиот суд во Лозана ја потврди одлуката на ФИФА и суспензијата на уругвајскиот фудбалер, Луис Суарез. Новиот напаѓач на Барселона ќе мора до крај да ја „одлежи“ казната, поради гризењето на Џорџо Кјелини на мечот од Светското превнство меѓу Уругвај и Италија.Поради третиот ваков случај во кариерата, Суарез мора да паузира девет мечеви и четири месеци.

Сепак, по жалбата „Судот во Лозана“ му дозволи на Суарез да тренира со фудбалерите на Барса и да се прилагоди на стилот на новиот тренер Луис Енрике. Се очекува, Суарез да дебитира во каталонскиот дрес на „Ел Класико“, затоа што неговата казна завршува на 25 октомври или само ден пред дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид.