Азир Алиу- предлог за нов министер за здравство
По синоќешниот партиски состанок, од „ВРЕДИ“ информираа дека за ова е веќе известен и премиерот Мицкоски...

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу е предлогот на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство. Арбен Фетаи останува вицепремиер за добро владеење.
По синоќешниот партиски состанок, од „ВРЕДИ“ информираа дека за ова е веќе известен и премиерот Мицкоски.
Алиу е еден од членовите на Алијанса за Албанците кои одлучија да не го следат Таравари и да останат во „ВРЕДИ“. Тој претходно изјави дека излегувањето од Владата во овој момент и без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ.
Алиу е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието, со повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор.
