Државен завод за ревизија

ДЗР: Дигитализација на матични книги незавршен процес, уште се издаваат изводи на машина за пишување

27.05.2025 10:17

Државната ревизија откри сериозни пропусти во процесот на дигитализација на матичните книги, кој трае повеќе од една деценија, а се инвестирани речиси осум и пол милиони евра...

Државната ревизија откри сериозни пропусти во процесот на дигитализација на матичните книги, кој трае повеќе од една деценија, а се инвестирани речиси осум и пол милиони евра.

Граѓани сè уште добиваат изводи издадени со помош на машина за пишување. За да се забрза процесот, во периодот од 2018-та до 2024-та година биле ангажирани 216 лица со договори за дело. Но, ревизорите утврдиле дека многумина од нив биле ангажирани на други работни задачи, при што за оваа намена се исплатени повеќе од 30 милиони денари.

Ревизорите упатуваат сериозни препораки до надлежните, да преземат итни мерки за комплетирање на дигитализацијата на матичните книги, подобрување на условите за чување на архивата и поголема безбедност на системот.