МВР

Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, лишено од слобода едно лице

27.05.2025 11:49

Денеска во 09 часот во с. Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од с. Батинци...

Денеска во 09 часот во с. Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од с. Батинци, информираат од МВР.

При извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.

По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.