Милошоски: Незаконски избор на судии во скопска Апелација
Трагично или не, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет не би можел да изведе ниту илузионистот Дејвид Коперфилд, напиша на својот Фејсбук профил Милошоски.

Изборот на судии во Апелацискиот суд за потпретседателот на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е незаконски, а за претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски вели дека извршил и кривично дело.
Трагично или не, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет не би можел да изведе ниту илузионистот Дејвид Коперфилд, напиша на својот Фејсбук профил Милошоски.
Во постапката за избор на судии во скопска Апелација се направени суштински повреди на процедурата на Судскиот совет, има погрешна примена на материјалното право и нецелосно утврдена фактичка состојба.
При евентуална тужба на кој било од кандидатите пред надлежен суд, ќе се поништат одлуките за избор во скопска Апелација, слично како што пред скоро време беше поништена и незаконитата постапка на Судскиот совет за предлог на еден член на Уставниот суд, смета Милошоски.
Ако Јавното обвинителство или кој било од кандидатите ја обезбеди целата документација игнорирана од Судскиот совет, конечното решение на Врховниот суд и правосилната пресуда на Управниот суд, со кои по тужба на еден од кандидатите се укажува на сторени суштински повреди, тогаш ќе имаат сериозна основа за покренување обвинение против претседателот на Советот, Александар Камбовски, за неизвршување на судска одлука, напиша на Фејсбук Милошоски.
