Македонија

Мухамед Али ја презеде функцијата директор на ЦУК

27.05.2025 11:36

Новоименуваниот директор, Мухамед Али, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби.

Денес во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамед Али, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби.

„Ќе се работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање и брзата реакција во случаи на криза“ истакна Али, соопштуваат од ЦУК.

Центарот за управување со кризи останува клучна институција во системот за заштита на населението и координација при справување со кризни ситуации од различна природа.

Стојанче Ангелов претходно е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).