мвр
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
27.05.2025 19:28
По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава...

Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(49) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана.
По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
