Македонија

Нема повредени по оружениот инцидент во Тетово

27.05.2025 12:00

Непознати лица кои биле на скутер пристигнале до куќата во која се наоѓал сопственикот со неговото семејство, отвориле оган и веднаш побегнале. Повредени нема...

Нема повредени по оружениот инцидент што се случи синоќа во Тетово, кога кон куќа на улицата „111“ во населбата Теќе било пукано од автоматско оружје.

Непознати лица кои биле на скутер пристигнале до куќата во која се наоѓал сопственикот со неговото семејство, отвориле оган и веднаш побегнале. Повредени нема, а од местото на настанот се подигнати околу 30 чаури од автоматско оружје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.