Македонија

Трајков: Наш врвен приоритет е реализацијата на европската агенда

27.05.2025 19:59

Пред присутните гости од регионот, заменик-министерката потенцираше дека како носители на политики создаваат услови со кои младите ќе можат да се чувствуваат европски и така и да делуваат. Интензивно се работи на забрзување на евроинтеграцискиот процес, кој напоредно со економскиот развој е еден од врвните приоритети на Владата.

Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков која беше панелистка на Балканскиот алумни самит 2025 порача дека Македонско-Американската Алумни Асоцијација  во изминативе години имаше значајна улога во градењето на новите генерации базирани на квалитетно знаење, образование и лидерство кое отвори нови перспективи за целиот регион.

На овој настан свое учество имаа и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши, заменик шеф на Мисијата при амбасадата на САД, Никол Варнс, гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска и други видни експерти и претставници на алумни асоцијации.

Пред присутните гости од регионот, заменик-министерката потенцираше дека како носители на политики создаваат услови со кои младите ќе можат да се чувствуваат европски и така и да делуваат. Интензивно се работи на забрзување на евроинтеграцискиот процес, кој напоредно со економскиот развој е еден од врвните приоритети на Владата.

„Наш врвен приоритет е реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите со што ќе го олесниме пристапниот процес во ЕУ. Креираме политики за имплементација на реформските процеси коишто ќе водат кон моделирање на добар здравствен, образовен и правен систем. Само така може да ги подобриме состојбите за сите граѓани, а младите да ги задржиме дома“, нагласи заменик-министерката Трајков.

Самитот е организиран во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје и на едно место ги собра алумните на американски владини програми од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија кои се активни професионалци, лидери и претставници на алумни асоцијациите во своите матични земји.