Разиграни бројки за EURO 2014
16-те репрезентации учеснички на Европскиот ракометен шампионат во Данска (12 до 26 јануари) пријавија во канцеларијата на европската ракометна куќа 447 ракометари. Сите селекции освен Македонската на список имаат ставено максимален број пријавени ракометари 28, ние 27.
Голем дел од селекторите веќе го имаат сведено списокот на конечните имиња и број на играчи. Тие ќе бидат и единствените кој ќе може да партиципираат на европското, бидејќи списокот не се менува во подоцнешните фази од шампионатот.

Французите се радуваат на враќањето по повредата на Фернандез кој ја има и рекордната бројка на учество на континентални собири 357 пати со постигнати 1.388 погодоци.
Меѓу стрелците водечки е Исланѓанецот Сигурсон кој во својата богата репрезентативна кариера од левата крилна позиција има постигнато 1483 гола. Сигурсен со своите 34 години го бележи својот осми континентален настап и е меѓу повозрасните. Приматот во оваа категорија ја држи белорускиот голман Котлински со 39 години, неколку месеци само помлад е рускиот колега Левсхин.
Најмладиот регистриран играч исто голман, го имаат Норвешка со неполни 16 години.
Најтешкиот е кај Србите и тука голман е во кокуренција, Страхиња Милиќ со своите 135 килограми.
Најлесниот го има Австрија, Шопф со 67 килограми.
Највисок е хрватот Копљар со своите 210см.
Унгарија брои најмногу заеднички настапи на репрезентативците, 2268, по неа е Исланд со 2170 меѓу 28-те пријавени.