Се подобрува енергетското снабдување на пелагонискиот регион

14.08.2014 16:18

Со ставањето под напон на оваа инвестиција вредна 2,4 милиони евра во енергетски прстен ќе се поврзат сите четири трансформаторски станици поврзани на преносната мрежа во битолскиот регион...

МЕПСО ги завршува активностите за ставање во функција на новиот двосистемски 110-киловолтен далнoвод што ги поврзува трансформаторските станици „Битола 3“ и „Битола 4“.

Со ставањето под напон на оваа инвестиција вредна 2,4 милиони евра во енергетски прстен ќе се поврзат сите четири трансформаторски станици поврзани на преносната мрежа во битолскиот регион со што во иднина ќе се сведе на минимум ризикот од испади, констатираа вицепремиерот Владимир Пешевски, Синиша Спасов, генералниот директор на МЕПСО и Ацо Ристески, директорот на Операторот на преносната мрежа при работната посета денеска на трасата на новиот далекувод.

Целта на новиот двосистемски 110 далекувод, кој се очекува да биде завршен до почетокот на септември оваа година, е да се подобрат напонските услови и зголеми доверливоста и безбедноста на енергетското снабдување во пелагонискиот регион, изјави Пешевски.