Енергетика

Чебрен и Галиште ќе се градат со британски пари

27.05.2025 13:48

Хидроелектраните Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем, соопшти власта. Инвестицијата е проценува на 1,3 милијарди евра. Досега имаше серија неуспешни тендери за изградба на енергетските капацитети...

По 14 неуспешни тендери, нова шанса за хидроелектраните Чебрен и Галиште, кои со години се најавуваат, но никако да се реализираат. Власта планира да ги гради со парите од британскиот заем. Експертите објаснуваат дека станува збор за капитални проекти, кои мора да се изградат за да им служат на идните генерации.

Единствениот дилема, вели професорот, е дали ќе имаме доволно луѓе што ќе работат на овој проект или можеби ќе мора да се повикаат и нашинци што работат во странство да се вратат во земјава.

„Oд проектот, Македонија ќе има огромен број придобивки, а не само производство на поевтина електрична енергија“, вели Димитров.

Владината експертска група неколку месеци работи на овој проект и е поставена првичната рамка, објаснуваат од Владата. Министерката за енергетика, Сања Божиновска проценува дека изградбата ќе трае најмалку 7 години.

Идејата за Чебрен и Галиште е стара неколку децении. Од 92-та досега пропаднаа 14 тендери, а се правеше и обид да се гради барем едната хидроелектрана.

 

Марија Котовска