Економија

Прилеп: Турските бизнисмени заинтересирани за инвестирање

27.05.2025 17:27

Македонија има добра трговска размена со Турција но мора да го намали дефицитот. Токму преку контакти и средби со турските стопанственици. Тие по денешната посета на нивните прилепски колеги се заинтересирани за инвестирање...

Турските компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија и во Пелагонискиот регион. Има први чекори во Новаци, битолско, а се очекува и во прилепско. За нив охрабрувачки чекор се даночните олеснувања.

Турските бизнисмени од Тире, Измир ги почнаа тет-а-тет средбите со колегите од Прилеп.

Најавена е трговска канцеларија во Измир.

Воспоставена е поволната стопанска клима на соработка во традиционално добрите односи меѓу двете земји.

Елизабета Митреска