Магла го покри Тетово

14.08.2014 16:26

Утрово Тетово осамна во белина. Тешко се гледаа дури и зградите и куќите. Шар Планина исчезна во таканаречената измаглица за која експертите велат дека е последица од големата влажност поради високите температури. Несекојдневната глетка ги вознемири тетовци.

Утрово Тетово доживеа природна реткост. Градот го прекри измаглица поради која околу половина час видливоста беше толку мала што тешко се гледаа и зградите. Тетовци се вознемирени поради загадувањето на воздухот. Некои од нив ја забележале несекојневната појава.

„Утрово имаше магла, а и пред малку, сега се исчисти. Утрово сакав да ја фотографирам Шар Планина, но забележав магла. Не беше возможно да се видат планините. Имаше премногу магла. Гледате и сами какво е. Многу тешко се дише. Мислам дека градот е загаден. Воздух, пат, чистота – се е катастрофа“, велат жителите на Тетово со кои поразговаравме.

Експертите кои ги консултиравме велат дека сепак се работи за вообчаена климатска промена во услови на топло време кога влажноста од почвата се издига како измаглица.

Денеска немало воздушни струења и измаглицата бавно се движела на хоризонтот. Причина за оваа појава не било дополнително загадување на воздухот.

Сепак на интернет можеше да се забележи дека околу пладне концентрацијата на ПМ 10 суспендирани честички се искачи и близу илјада микрограми на метар кубен, а дозволени се максимум 50.

Во Тетово денеска имавме максимални 37 степени. И полошкиот регион деновиве е во жолтата фаза.

Попладнето ветерот се засили што придонесе за расчистување на атмосверата. Сепак во далечината магливи останаа ворвовите на планините.

Зоран Јованоски