Ревизија

Бавна дигитализација на матичните книги

27.05.2025 17:13

За дигитализација на матичните книги досега се потрошени 8,5 милиони евра. Но, процесот не е завршен, а граѓаните сè уште добиваат изводи издадени на машина на пишување. Ова го покажува последниот извештај на Државниот ревизор...

За дигитализација на матичните книги потрошени над 8,5 милиони евра ама сè уште има граѓани кои добиваат документи, изготвени на машина за куцање. Дигитализирани едвај половина од податоците. Ревизорот констатираше лавина проблеми во работењето на Управата – нема јасна стратегија, контролни механизми и квалификувани кадри кои ќе обезбедат подобри услуги за граѓаните. Дел од архивскиот материјал од трајна вредност е доведен во опасност од уништување, но и податоците на граѓаните не се безбедни.

„Ненавремено и недоволно документирано управување со корисничките привилегии создава можности за неовластен пристап до лични податоци и коруптивни дејствија. Дел од вработените вршат внесувања и измени во електронскиот матичен регистар пред 06.30 ч. и по 22.00 ч., без соодветен надзор. Исто така, во повеќе месни канцеларии се печатат и издаваат изводи од матичните книги и за време на викенди и празници.“, стои во извештајот од ДЗР.

Управата од 2018 до 2024 година склучила договори за дело со 216 лица за да внесуваат податоци ама потоа тие вршеле други работа, а не тоа за што биле ангажирани, вели Ревизорот. Актуелното раководство на Управата, пак, се оградува од извештајот, проблемот го лоцира во претходниците.

„Целосната дигитализација останува наш стратешки приоритет, со цел да обезбедиме сигурни и ефикасни услуги, достапни за сите граѓани, без разлика на нивната местоположба. Вложуваме во унапредување на човечките ресурси и јакнење на институционалните капацитети.“, вели директорот Фатон Фазлиу.

Дел од граѓаните се задоволни, други имаат поплави за работата на Управата.

92 проценти од електронските изводи се издаваат во Скопје, додека во поголемите градови како Прилеп, Битола, Охрид и Тетово бројот на издадените изводи е значително помал.

 

Игор Панов