Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

28.05.2025 08:12

Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер со температури од 10 степени минималната до 26 максималната.