Собрание

Договорот за стратешко партнерство со Обединето Кралство на пленарка

28.05.2025 08:14

Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство стигна во Собранието на ратификација. Предлог-законот е на денешната седница. Финансиската поддршка за Македонија е во висина на 5 милијарди британски фунти, односно 6 милијарди евра, а опфатени се проекти од областа на здравството, транспортот, технологија и енергетиката. Предложено е обновување и реконструкција на болниците во Штип и во Кичево, и Универзитетскиот клинички центар во Скопје...

Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство стигна во Собранието на ратификација. Предлог-законот е на денешната седница. Финансиската поддршка за Македонија е во висина на 5 милијарди британски фунти, односно 6 милијарди евра, а опфатени се проекти од областа на здравството, транспортот, технологија и енергетиката. Предложено е обновување и реконструкција на болниците во Штип и во Кичево, и Универзитетскиот клинички центар во Скопје. 

Ќе се инвестира и во брза железница долж коридорот 10 која ги поврзува граничните премини Табановце и Богородица, главниот град Скопје и меѓународниот аеродром. За владата ова е историски договор кој ќе донесе бенефит за сите граѓани.