Собрание

Предлогот за именување на Трајко Славески за нов гувернер на Народна банка денес пред пратениците

28.05.2025 08:21

За оваа позиција го предложи претседателката Сиљановска-Давкова...

Во Собранието ќе се гласа и за предлогот, Трајко Славески да биде нов гувернер на Народна банка. За оваа позиција го предложи претседателката Сиљановска-Давкова. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, интегритетот, како и од реалната можност да биде изгласан од парламентарното мнозинство.

Трајко Славески е актуелен претседател на Советот на град Скопје, а претходно беше и министер за финансии. Од владејачкото мнозинство најавија поддршка, додека опозицијата најави дека ќе гласа против, бидејќи било партиско решение.