мвр
Приведено лице барано по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена
28.05.2025 08:55
За него имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од една година, 11 месеци и 20 дена за сторени кривични дела во врска со член 297 и член 235 од КЗ...

На 27.05.2025 во 12 часот на ул. „Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Г. (46) од Скопје. За него имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од една година, 11 месеци и 20 дена за сторени кривични дела во врска со член 297 и член 235 од КЗ.
Г.Г. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, информираат од МВР.
