Тројца кандидати за најдобар фудбалер!
УЕФА ја намали конкуренција од 10 на тројца фудбалери за најдобар во сезоната 2013-та – 2014-та. Во игра за драгоценото признание останаа Мануел Ноер, Кристијан Роналдо и Арјен Робен. Пошироката листа кандидати уште ја сочинуваа Томас Милер и Филип Лам од Баерн Минхен, Луис Суарез од Ливерпул, сега Барселона, како и првата ѕвезда на каталонците Лионел Меси, потоа Диего Коста кој настапуваше за Атлетико Мадрид, а сега е играч на Челзи и фудбалерите на Реал Мадрид Анхел Ди Марија и Џејмс Родригез кој настапуваше за Монако.

Голманот Ноер со Баерн стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, но ги освои Бундеслигата, Купот на Германија и Светското клупско првенство и како врв на сезоната стана Светски првак со Германија. Притоа, Неор беше прогласен и за нјдобар голман на Мундијалот.
Истите трофеи ги собра и и неговиот клупски колега, Робен кој со Холандија беше трет на Светскиот шампионат.
Роналдо со Реал Мадрид ја покори Европа и беше најдобар стрелец со рекордни 16 гола во една сезона во елитното натпреварување. Кристијано го освои и Кралскиот шпански куп.
Ова е четвртипат како УЕФА ќе ја додели наградата којашто претходно им припадна на Меси, Андреас Иниеста (Барселона) и Франк Рибери (Баерн Минхен). Признанијата ќе бидат доделени на гала свеченоста на 28 август во Монте Карло.