САД

Студентите на Харвард на протест против одлуките на Трамп

28.05.2025 10:04

Владата изминатата недела им соопшти на илјадниците тековни странски студенти дека мора да се префрлат на други училишта или ќе ја изгубат законската дозвола да престојуваат во САД...

Студентите на Харвард на протест против одлуките на претседателот Трамп за престижната институција.

„Трамп започна опасен марш за укинување на граѓанските права во оваа земја“, вели студент.

„Нападот врз Харвард и неговите меѓународни студенти е дел од подлабок напор за демонтирање на академскиот свет. Тоа е обид да се пренасочат нашите најпаметни истражувачи во приватни корпорации, лишувајќи ги академските институции од нивната моќ“, додава друг.

Владата изминатата недела им соопшти на илјадниците тековни странски студенти дека мора да се префрлат на други училишта или ќе ја изгубат законската дозвола да престојуваат во САД. Таа одлука моментално е на чекање, пресуди федерален судија.

Харвард запишува околу 7.000 меѓународни студенти, повеќето од нив на постдипломски програми.