Украина

Најмалку осум лица се повредени во напад со руски дронови врз регионот Харков

28.05.2025 09:27

Војната во Украина не мирува. 33 украински беспилотни летала соборени над Москва, аеродромите привремено затворени...

Војната во Украина не мирува. Најмалку осум лица се повредени во напад со руски дронови врз регионот Харков. 33 украински беспилотни летала соборени над Москва, аеродромите привремено затворени.

„Не можеме јавно да разговараме за сите постоечки планови и можности. Но, стратешката перспектива е јасна, да одговориме симетрично на сите руски закани и предизвици. Русија, мора јасно да ги почувствуваат последиците од она што го прават против Украина“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Американскиот претседател Трамп го предупреди рускиот претседател Путин дека си игра со оган со интензивирање на нападите. Тој рече дека за време на неговиот мандат спречил сериозни последици за Русија, нагласувајќи дека лидерот на Кремљ не бил свесен.

Трамп претходно изјави дека размислува за воведување санкции кон Русија поради бавното темпо на мировните преговори.