Русија
Пет тинејџери загинаа, четворица потешко повредени во напад со нож во Русија
28.05.2025 11:26
Масакр на роденден во Русија. Пет тинејџери се убиени, а четворица потешко повредени во напад со нож во сибирскиот Иркутски регион...

Масакр на роденден во Русија. Пет тинејџери се убиени, а четворица потешко повредени во напад со нож во сибирскиот Иркутски регион.
Според Рускиот истражен комитет, 17-годишно момче ги нападнало присутните на забавата.
По убиствата, тинејџерот ја запалил куќата, но не успеал да избега по што починал во пламените јазици. На забавата имало вкупно 14 ученици на возраст од 14 до 17 години.
