Проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека, опфатено уште едно лице
ОЈО ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека спрема уште едно лице, осомничено како соизвршител за тешки дела против општата сигурност. Се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, сопственик на објектот во кој со години функционирала дискотеката...

Јавното обвинителство ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека спрема уште едно лице, осомничено како соизвршител за тешки дела против општата сигурност. Се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, сопственик на објектот во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените.
Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, на различни датуми и во повеќе наврати од 2012 до март годинава преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот и овозможил во него незаконски да се врши угостителска дејност, односно да работи како дискотека-кабаре, велат од Обвинителството.
До судија на претходна постапка доставен е предлог за определување мерки за претпазливост.
